понеделник, ноември 25, 2024
Охрид

Стружанецот Христијан Крстаноски дел од РК Куманово

Христијан Крстаноски поранешниот ракометар на РК Струга го засили составот на РК Куманово. Крстаноски ќе биде вториот стружанец кој ќе игра во тимот на Куманово каде веќе настапува Стефан Колоски.

Високиот Крстаноски кој игра на позицијата лев бек, а одлично се снаоѓа и во одбраната е само уште едно од неколкуте засилувања за “четата” на Игор Котески во битките за опстанок.

Христијан Крстаноски е 22-годишен искусен ракометар висок 196цм кој потекнува од Струга и има настапувано за РК Струга, освен клубско тој има и репрезентативно искуство со нашата кадетска репрезентација(2018) и нашата сениорска Б репрезентација(2021).