АктуелноОхрид

Поповиќ: Огромна благодарност до Министерството за култура за издвоените средства за Охридско лето, довербата ќе ја докажеме со продолжување на високото реноме на нашата национална установа

Министерството за култура на Република Северна Македонија и годинава одвои финансиски средства за Националната установа „Охридско лето“. Средствата се доделуваат во рамките на Повикот за националните установи од областа на културата кој беше објавен во јуни 2022 година и ќе бидат искористени за реализација на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што ќе се одржи од 12 јули до 20 август.

„Огромна благодарност до Министерството за култура, и особено до министерката Бисера Костадиновска –Стојчевска за довербата која ќе ја докажеме со продолжување на високото реноме на нашата национална установа преку презентирање на уметноста како универзален јазик во светот, носејќи врвна програма со светски уметници. Задоволна сум од буџетот издвоен за нашата установа. Истиот ќе ја опфати рамката за програмата која подготвивме за оваа година. Програмата ќе ја соопштиме на прес конференција во април. Ветуваме дека годинава ќе ви понудиме врвна програма, онаква како што заслужува овој реномиран фестивал. Огромна благодарност упатувам и до покровителот на фестивалот Претседателот Стево Пендаровски, како и до сите наши покровители и спонзори предводени од генералниот спонзор Македонски телеком“, вели за Охрид 1, директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ.

фото: Архива