понеделник, ноември 25, 2024
Охрид

Министерството за култура и годинава одвои средства за НУ „Охридско лето“

Министерството за култура на Република  Северна Македонија и годинава одвои финансиски средства за Националната установа „Охридско лето“.

Средствата се доделуваат  во рамките на  Повикот за националните установи од областа на културата кој беше објавен во јуни 2022 година и ќе бидат искористени за реализација на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што ќе се одржи од 12 јули до 20 август.

Огромна благодарност до  Министерството за култура, и особено до  министерката Бисера Костадиновска –Стојчевска за довербата која ќе ја докажеме со продолжување на високото реноме на нашата национална установа  преку презентирање  на уметноста како универзален јазик во светот, носејќи врвна програма со светски уметници.

 

 

Охридско лето