Советникот во општина Охрид, Науме Јованоски Чакар, ја поддржа одлуката за намалување на цената на паркинзите во премиум зоната.
Тој на денешната седница на Советот истакна дека на овој начин општината ќе им помогне на угостителите во центарот на Охрид, бидејќи премиум зоната сега се изедначува со останатите зони.
“Оваа одлука е од големо значење за угостителите во централното градско подрачје и јас како сопственик на угостителски објект целосно ја поддржувам ваквата одлука на општина Охрид”, рече советникот Чакар.
извор: Охрид 24