АктуелноОхрид

Андоноски: И покрај сите поскапувања, цените за паркирање во каналот Студенчишта за кајчиња и катамарани не се зголемуваат и остануваат исти

И покрај сите поскапувања цените за паркирање во каналот за кајчиња и катамарани не се зголемуваат и ќе останат исти, нагласи директорот на ЈП „Билјанини извори“, Тео Андоноски, на денешната седница на Советот на општина Охрид.

„Кајчињата и катамараните за превоз на патници не се луксуз, некој со тоа го ваѓаат лебот и затоа во тој дел нема да има поскапување на цените за паркирање во каналот. Наша заложба е да поставиме современ видео надзор и соодветно осветлување со што би го модернизирале паркиралиштето“, истакна Андоноски.

Цените единствено се зголемуваат за луксузните пловни објекти, како што се глисери и јахти.

„Цените за паркирање на пловни објекти во каналот се зголемени, но повторно сме најевтини по однос на цените, за разлика од приватниот кој стопанисува со дел од каналот и од државниот, кој што е од војската. Новата цена што ја правевме е согласно пазарната вредност на тој дел“, додаде директорот на „Билјанини извори“.

извор: Охрид 24