АктуелноОхрид

Во куќа во охридското село Рамне пронајдена почината 54 годишна битолчанка

На 27.01.2023 година во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во охридското село Рамне, што привремено ја користела, пронајдена почината е В.Г.(54) од Битола. Лекар од Итната медицинска помош од Охрид, констатирал смрт без траги на насилство, а увид изврши увидна екипа. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

извор: СВР Охрид