Зеленилото е гордост на многу европски туристички метрополи коишто имаат почит кон природата и постигнале свесност за значењето на зеленилото за оддржувањето на здравјето на луѓето, но во Охрид сликата на терен е дека зеленилото воопшто не се зголемува, а на нивните места никнуваат станбени згради што е доволен показател за негрижата од страна на властите за квалитетот на животот на охриѓани, се вели во соопштението од Левица.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Најавениот Зелен катастар треба да биде алатка во Охрид која што во секое време треба да ни покажува каде, колку, какви дрвја имаме во градов и да бидеме информирани колку нови дрвја се засадуваат и дали се вистински бројките што ни ги сервираат претставниците од СДС, ДПМНЕ и ДУИ кога велат дека инвестираат во зеленило.
Имено, на 15.08.2022 година Општина Охрид склучила договор со Трговското друштво за производство, промет и услуги ГДи експорт-импорт ДООЕЛ Скопје за Услуги за изработка на зелен катастар (втора фаза) со вредност на договорот 388.220,оо ден. Според договорот, Рокот на извршување на услугата предмет на договорот за јавна бавка е 120 дена (4 месеци) од издавањето, со што до сега веќе поминале 5 месеци од датумот на склучување на договорот, а се уште не се видливи почетоците од втората фаза од овој проект што се дадени во тендерската документација.
Охридскиот локален огранок при Политичката партија Левица апелира изработката за Зелен катастар да биде реализиран проект во кој ќе се почитуваат предвидените рокови, а не само испишани листови хартија и залудно вложени пари од градките власти. Обврските за договорената услуга да се изведат квалитетно и стручно согласно законските и подзаконските акти кои се во важност и без да биде продолжуван рокот за извршување на услугата со наводни причини за неможност за реализација на бараната услуга по добиениот налог.
Во спротивно, ова ќе биде уште еден доказ за расипничкото трошење на општинскиот буџет и Градоначалникот Кирил Пецаков кој наместо да презема мерки во насока на намалување на задолженоста на Општината, продолжува со непосветено и противзаконско работење за кое мора да има правна и морална одговорност.
извор: Левица