105 дарувани единици крв на традиционалната крводарителска акција Водици 2023, 11 интервенции на спасителите на вода и нуркачките тимови на Црвен крст Охрид, 14 интервенции на медицинските тимови на Црвен крст Охрид е билансот од ангажманот на Црвен крст Охрид на денешниот настан на одбележување на празникот Богојавление-Водици. Сите на кои им беше укажана помош се во добра здравствена состојба.
Благодарност до сите волонтери на Црвен крст Охрид ангажирани на денешниот настан, кој успешно ги реализираа своите задачи и справувајќи се со голем предизвик, силен ветар и разбранато езеро.
Остануваме посветени на хуманоста, секогаш и секаде каде е потребно.
Црвен крст