Автор на текстот: Крсте Спасески,член на Собрание и претседател на Месен огранок ,,Абаз Емин, и ,,Седми ноември,,.
Зоре Мицкоски на 92 години член на собрание зашто ми е дедо на секретарот Стефан Владимиров, а управителот на Клубот Драган Пандески внук на претседателот Ѓорѓи Трпчески.
Повеќе од десет години, непотизмот, корупцијата, криминалот и местењето на избори, се главна одлика во Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца.Носители на овие општествени зла, се претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров и двајцата полицајци во пензија со единстена цел за нивно опстојување на власт во Здружението.
Како резултат на ваквите нивни неколку-годишни методи на делување за време на изборите циклуси кои се одржуваат на секои четири години,опстојуваат на власт претседателот Трпчески 24 години а секретарот 12 години.Во сите статути на 34 -те здруженија во републикава, на претседателите и секретарите,па и на претседателот и потпретседателот на СЗПМ мандатите им се ограничени на два мандати 4 плус 4 години.Но, за жал само кај нас во Стаутот за претседателот и секретарот на Извршниот одбор нема ограничување на мандатот бидејќи така им одговара и за тоа опстојуваат по три и повеќе мандати.На претседателот и потпретседателот на Собранието има ограничување на два мандати.
Нивното повеќе годишно опстојување на раководните места нее ни малку случајно.Пред се тоа го прават за лични интереси и нивно богатење со членарината од по 30 денари на пензионерите која е единствен извор за активност на здружението.Покрај ова Трпчески и Владимиров користат и други бенефиции и никој орган во здружението е немоќен да им се спротистави, па дури и судските органи и обвинителството кои неколкуте полициски поднесоци судот и обвинителството ги сокриваат во фиоки за да застарат делата или пак ги подмитуваат со пари од членарината на пензионерите.
Со истите методи, непотизмот,подмитување и местењето на избори тие се служат и сега со цел повторно да бидат избрани и останат на власт, бидејќи следниот месец-февруари престојат избори за ново раководство во ЗП Охрид и Дебрца.
Претседателот Трпчески и секретарот Владимиров по нивно наоѓање задолжително присуствуваат на Изборните состаноци во сите 21 Месен огранок,што немора и нее задолжително бидејќи за регуларноста на изборите има Комисија за избори која ги следи изборите во Месните ограноци.Но, нивото присуство е дали претходно договорените нивни кандидати ќе бидат избрани или не.
Со ваквата нивна повеќе годишна практика,токму затоа во органите и телата со ретки исклучоци, се избрани членови со ниска образовна структура,членови лесно подмитливи, личности по родбински и пријателски врски.
Пример за ова е Извршниот одбор кој од 11 членови само двајца се со високо образование а другите со средно и основно образование и без малку сите по линија на родбинска, пријателска или друга блиска врска.Вакви случаи на непотизам има и во Собранието на здружението.Но, за жал никој на ваквите состојби не реагира.
Во овој контекст на непотизам ќе споменам само два повпечатливи и непобитни случаи. Околу 15 години во сите повисоки органи на здружението а сега член на собрание е, и екс професорот Зоре Мицкоски кој има 92 години.Мицкоски не случајно на ове години член на собрание.Тој му е дедо по женаму на секретарот Стефан Владимиров.Мицкоски секогаш има пофални зборови за неговиот зет во дискусиите на Собранието.Каков апсурд.
Додека пак претседателот Трпчески има неколку соселани,пријтели и роднини, членови во Извршниот одбор и во Собранието. На неодамнешната седница на Собранието на предлог на Трпчески за управител на Клубот на пензионерите, е избран неговиот внук од прв братучед Драган Пандески,сопственик на неколку дуќани и поранешен раководител на Градските гробишта во Охрид.
Вакви примери на непотизам,корупција,местење на избори и криминално работење во ЗП Охрид и Дебрца има многу повеќе,но за жал членовите на органите во Здружението, иако ги знаат сите овие состојби,не се одважуваат да им застанат на ваквите девијантни појави на двајцата раководители на ЗП Охрид и Дебрца, претседателот Трпчески и секретарот Владимиров,кои само со судскиот спор со Здружението на инвалидските пенионери околу сопственоста на Домот на пензионерите, што го изгубија, го оштетија здружението околу 15.000.000 денари,пари од членарината на пензионерите што е спротивно на сите акти на здружението и за што и двајцата Трпчески и Владимиров, треба да сносат лична кривична одгворност.
фото: Охрид 1