Сообраќајната полиција воспоставува ред по Охридските сообраќајници. Се санкционираат возачите на патнички автомобили кои, на коловоз извршиле неправилно и непрописно запирање на своите возила.
Автомобилите ги подигнува „пајакот“. Несовесните возачи казната за непрописно паркирање ја плаќаат во ЈП Охридски Комуналец. Доколку пристигнат во моментот на подигнување на возилото, цената е двојно помала.
Апел: Внимавајте каде паркирате, користете ги само официјално зацртаните паркинзи.
извор: Охрид 1