АктуелноОхрид

Ќе сработам и 100 европски проекти, ама за маж не ме бидува! Професорката Ангела од Охрид ја раскажа љубовната приказна со нејзиниот Франко

Ангела и Франко Паскуале имаат зад себе по еден неуспешен брак и ќерки, тој една, а таа две. Таа е професорка на Факултетот за туризам во Охрид, лидер на охридскиот конвивиум на Слоу фуд Охрид, посветена на кариерата и на бројните европски проекти, а тој има бизнис со извоз на зеленчук и овошје во Италија. Сега, на прагот од шестата деценија, ја живеат својата љубов, велат, судбинска и поголема од Македонија и Италија заедно.

Ангела Крстаноска Паскуале е доктор на науки и професорка на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и лидер на охридскиот конвивум на организацијата Слоу фуд кој се формираше на почетокот од оваа година.

Професорката ја имам сретнато на повеќе настани, но кога после подолго време ја видов на најголемиот глобален настан посветен на земјоделството, храната и гастрономијата – Тера Мадре во Торино, изгледаше сосема поинаку, објави  „Мајка и дете“.

Не се вели залудно: „Свети! Сигурно e вљубен/а!“

Секако, бидејќи сме само познанички, не ја прашав што ѝ се случува, ама муабетот сепак тргна во таа насока, а таа како едвај да чекаше да раскаже што е тоа што ѝ се случило во изминативе неколку години и поради што е сосема поинаква од претходно. Впрочем, таму не беше сама, па не беше тешко да се претпостави за што станува збор.

Имено, после еден брак и две веќе возрасни ќерки, професорката Ангела ја нашла љубовта на својот живот, и тоа, на прагот од шестата деценија. Ова шеста деценија секако, звучи премногу ако се земе предвид дека тукушто ја начнала истата, но особено ако се земе предвид и тоа како изгледа. А изгледа како да ја начнала четвртата или, ајде да не претерувам, ама барем како тукушто да ја начнала петтата деценија.

Како и да е, додека седевме и пиевме капучино во едно мало италијанско гратче во Пиемонт, Ангела и Франко Паскуале, бизнисмен од Јужна Италија, ни ја раскажаа својата неверојатна љубовна приказна. Или попрецизно, Ангела раскажуваше, а Франко климаше со главата и со обожување ја гледаше својата сопруга.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.