АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Здружението на Египќани”Пирамида ЗЕМ”, клубот „Бабилон“ и градоначалникот ги израдуваа најмладите со паќетчиња

Здружението на Египќани”Пирамида ЗЕМ” организираше предновогодишна забава со Дедо Мраз за дечињата од оваа заедница. На забавата беа поделени и пакетчиња кои се обезбедени со поддршка на клубот Бабилон, Елвис Далип, Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и Пирамида ЗЕМ.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Да си посакаме следнава 2023 год да ни биде уште поуспешна од оваа која ја испраќаме. Општина Охрид, заедно со здружението на египќани „Пирамида ЗЕМ“ – советникот Арбен Демироски Бено и кафчот Вавилов, се одлучивме оваа година се одлучивме да ги изненадиме најмладите и да ги почастиме со по едно паќетче. Да се гледаме вака среќни и следниве години“, порача Пецаков пред присутните.