АктуелноОхрид

Вечерва ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” го чествува патрониот празник

По повод 5 Јануари, денот на Св. Наум Охридски, вечерва, 23 декември, ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” го одбележува својот патрон празник. Почнувајќи од 18 часот, во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”, од страна на учениците ќе се презентираат нивните изработки и трудови, а во 19 часот, во аулата на училиштето ќе започне свечената академија по повод патронот на училиштето. Од името на учениците и вработените во Центарот ве покануваме да присуствувате на свеченото одбележување на патрониот празник на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” — Охрид.

фото: Архива