АктуелноОхрид

ОО СДСМ: Не е точно дека во четирите години кога директор беше Гордана Јованоска на ЈП „Билјанини извори“ не е плаќано воопшто ДДВ

Почитувани, се обраќаме до целата јавност и до медиумите во врска со искажаните невистини вчера на седницата на Советот на општина Охрид, а во врска со работењето на ЈП „Билјанини Извори“ и наводното неплаќање на ДДВ од страна на претходната директорка Гордана Јованоска.
Претседателот на Советот, Сашо Донев, вчера од говорницата кажа дека во период од четири години поточно во периодот 2017 – 2021, година кога на раководна позиција на Јавното претпријатие беше Гордана Јованоска, а локалната власт и припаѓаше на СДСМ, не било плаќано ДДВ-то и дека целиот износ од околу 600.000 евра е долг од тој период, се вели во соопштението од ОО СДСМ Охрид.
Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Но, за да не се замајува јавноста со паушални искази и невистини, сакаме да ја изложиме следната вистина :

Долгот за ДДВ во моментов е во вкупен износ од 34.433 846 денари.
Во 2012 година кога ВМРО- ДПМНЕ дојде на локална власт долгот изнесуваше 505. 304,00 денари, а кога си заминаа од власт во 2017 година оставија долг од 14. 636 204,00 денари. Што значи дека во нивно време е направен еден голем дел од долгот.

Исто така, искажаното од страна на Донев дека во четирите години кога директор беше Гордана Јованоска не е воопшто плаќано ДДВ не е точно, бидеќи според картиците на УЈП во четири годишниот мандат исплатени се вкупно 13. 156 894 ,00 денари и уште 4.467.129,00 денари договор со УЈП за отстапување на побарувања од добавувачи по основа на должник на должник. И не само што е плаќано ДДВ туку плаќани се и други долгови кои ги остави претходното раководство на ВМРО- ДПМНЕ. Не и енепознато на јавноста дека Спортско рекреативниот центар ЈП „Билјанини Извори“ во време на ДПМНЕ шест месеци беше оставено без струја заради неплатени долгови и така Јованоска, како директор во првата година исплати стар долг од 8.900.000 ,00 ден. На вработените им беа испалтени три заостанати плати во износ од над 4. 500.000 денари.

Вработените знаат како им беше во времето на ВМРО ДПМНЕ без здравствено и пензиско осигурување кога со месеци не можеа да си направат еден здравствен преглед. Кога СДСМ ја превзеде локалната власт, тоа за краток период беше надминато.

На истата таа седница, екс директорката Јованоска беше критикувана дека купила возило наместо да плати ДДВ . За фирмата да има добар бонитет треба да си развива и осовременува и не само што купи возило кое сегашниот директор г- дин Андоноски постојано го користи, туку купи и две тракторчиња за косење на стадионите , четири косилци и 6 тримери.Тие што се разбираат во одржувањето на тревнати терени знаат колкава е нивната важност. Со еден збор направи одлични услови за поквалитетно работење на „Билјанини Извори.

Кога Јованоска брше на раководна позиција во ЈП „Билјанини Извори се направија и голем број други зафати и тоа:
Во спортската сала реконструиран беше паркетот, беше оспособено комплет осветлувањето на салата, поставен беше разглас и поставени беа висечи кошеви, саниран санитарниот јазол, беше саниран и влезот за Брза помош .

На стадионот направена е нова пумпна станица, направен е електронски ,,смарт“ систем за наводнување, беше променета новата ограда околу градскиот стадион, направена беше толку посакуваната нова трибина, беше променета ограда околу помошното игралише со вештачка трева направени и покриени мини трибни на истото, а беше променета линија од 150 метри за вода каде што со години имше дефекти и никој кој не можеше да ги открие.

На паркинзите беше воведен СМС систем за наплата, кој во времето на ДПМНЕ претходно беше мисловна именка.
По поразот на локалните избори и по давањето оставка од страна на директорот на ЈП „Билјанини Извори“ Јованоска остави 9, 756 000,00 ден на сметката во Халк банка и уште 18. 282. 015,00 побарувања од купувачи (вредности земени од завршна сметка).

Па му предлагаме на моменталното раководно лице овие расположливи финансиски средства веднаш да ги пренасочи во УЈП, па на тој начин не ќе има потреба општината да го плаќа долгот за ЈП „Билјанини Извори“.

Редно е ВМРО ДПМНЕ еднаш за секогаш да престане да бара дежурен виновник со цел прикривање на нивната неспособност. Наместо тоа потребно веднаш да си ги засукаат ракавите и темелно да работат, а не како сега со популизам без никакви резултати на терен.
Очекувааме дека господинот Сашо Донев доблесно ќе им се извини не на СДСМ, не на екс – директорката на „Билјанини Извори“, туку на граѓните затоа што на вчерашната седница искажа ред паушали и невистини.

извор: ОО СДСМ Охрид