Охрид

Конкурс за најдобро рачно изработена новогодишна честитка

Соберен Храм Св.Никола с.Враништа во склоп на секојдневните активности со Православна Младина с.Враништа, ги известува сите дечиња од с.Враништа и од другите парохии во Струшкото намесништво дека е распишан КОНКУРС за најдобро рачна изработена хартиена честитка.
Честитките треба да се со тема: зима,Нова Година и св.Василиј.
Секое детенце може да донесе најмногу три рачно изработени честитки со погоре изложената тематика. На секоја честитка да напишете ваша шифра за распознавање од кого е (никако да не пишувате име и презиме).За најкреативно изработените честитки следуват награди за 1,2 и 3 место. Честитките ќе ги отценува стручен тим од наставници по ликовно воспитување. Честитките можат да се носат во храмот Св.Никола секоја недела и празник до 12.01.2023 година. Наградите ќе бидат јавно доделени после богослужбата на празникот св Василиј на ден 14.01.2023 г. и истите ќе бидат јавно изложени во предворјето од црквата. Дечињата што несе од нашата парохија,а сакаат да учествуваат можат да ги предадат кај својот парохиски свештеник кој ќе ни ги достави нам благовремено.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.