АктуелноОхрид

Голем успех на охридските стрелци на „Тракиа 2022“ во Пловдив, Бугарија

Неверојатен успех, во тим микс пушка и пиштол, постигнаа Јована Милевска и Бојан Спасеновски, како и Стефанија Вељаноска и Климен Мостро, пласирајќи се на вицешампионската позиција. Јована Милевска и Бојан Спасеноски за само 0,1 круг заостанаа зад првопласираните и тоа на последната дијабола.

Ова е раритет за нашите стрелци, бидејќи дел од нив за првпат учествуваат на ваков вид на натпреварување кој е олимписка дисциплина, велат охридскитре клубови.

– На вториот ден на Ттурнирот, стрелците зедоа учество во поединечна конкуренција и тоа во категорија на јуниори и јуниорки, и помлади јуниори/ки пушка и пиштол. Најдобро пласиран во дисциплина јуниори пушка беше Бојан Спасеновски, ЖСК „Лихнидос“, кој во квалификациите влезе како првопласиран за да ја задржи позицијата и по завршување на финалето. Ова воедно е и негов прв настап во финале. Во истата дисциплина Кристијан Балоски од СК „Охрид“ по седмото место во квалификциите успеа да се пласира на третата позиција во финалето. Во категорија на помлади јуниори, младиот Бора Каќел, од ЖСК „Лихнидос“, по неполни 3 месеци од успехот во Благоевград, повторно се закитува со сребрен медал. Јована Милевска во категорија на јуниорки пушка, во финалето влезе како 7-мо пласирана, но за жал не успеа да се искачи на пиедесталот па заврши како 6-то пласирана, додаваат од клубовите.

Кај помладите јуниорки (до 15 години) пушка, Драгана Локоска, од СК „Охрид“, се пласира на 3-тата позиција, Ана Танеска од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 4-то место, а од СК „Охрид“ Теодора Спироска се пласира на 5-тата позиција.Во дисциплина пиштол млади јуниори, Климент Мостро, од ЖСК „Лихнидос“, ја зазеде вицешампионската позиција, додека Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на 5-тата позиција.
Кај девојките на пиштол, Стефанија Вељаноска успеа да влезе во финалето како 8-мо пласирана, ноне успеа да се закити со медал, туку се искачи едно место погоре на табелата и заврши како 7-мо пласирана. Во истата дисциплина Наталија Савеска се пласира на 13-тата позиција.

Следниов викенд завршува натпреварувачката сезона, а ќе биде заокружена со настап на V куп, во организација на Македонска Спортска Стрелачка Федерација (МССФ), во меѓународна програма.