АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Голем интерес за Бадниковата поворка во Враништа, струшко

Младите деца од Враништа, струшко интензивно се подготвуваат за големиот настан , Бадниковата поворка која ќе биде дел од целосната манифестација на ниво на Македонија.
Како што истакнуваат од Соборниот Храм Св.Никола во Враништа, бројот постојано расте а младите се со посебен интерес и наклонетост кон целосната реализација.
-Од вчерашните подготовки за Бадник, ние веќе сме спремни.Бројката од ден на ден се зголемува се надеваме дека ќе бидеме една од најбројните групи во Бадниковите Поворки во Република Македонија според бројот на населението.Дечиња се гледаме во Недела на 25.12.во Соборниот Храм Св.Никола, истакнува  отец Ристе Наумоски.