Денеска присуствував на пригодниот настан за промоција на инвестицикиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“. Се осврнав на важноста на овој проект и упатив благодарност до сите кои се заслужни за неговoто реализирање, напиша на својот Фб профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава. Се радувам што важноста на оваа болница беше препознаена и вреднувана од страна на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја поддржаа реализацијата на овој проект, вреден нешто повеќе од 23 милиони денари.
Реконструктивните зафати кои се предвидени во рамки на проектот ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика. Сето ова ќе придонесе и во насока на подобрување на условите за развој на здравствен туризам, привлекување на што поголем број странски пациенти и промоција на специјалната болница во соседните земји и пошироко.
извор: ФБ Кирил Пецаков