ИздвојувамеНаш ИзборНаш изборОхридПоследни Вести

СДСМ Охрид едвај со три автобуси, од Дебрца НУЛА автобуси тргнаа на митингот во Скопје

Со не целосно исполнети три автобуси охридската организација на СДСМ денес испрати свои членови на митингот во салата „Борис Трајкоски“ во Скопје. Од соседната општина Дебрца која со децении важеше за бастион на СДСМ не тргнал ниту еден автобус бидејќи партијата во оваа општина ( која важи  за срце на левичарската и партизанската иделогија во Македонија ) немало никој заинтересиран за партиските активности на СДСМ.

КАКОВ АВТОРИТЕТ ИМААТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ, И ДИРЕКТОРИТЕ ? !

Членството на СДСМ Охрид одамна по социјалните мрежи коментира дека актуелното раководство во градот, и целиот естаблишмент инсталиран низ инстутициите на директорски места не се интересира ни за автобуси, ни за масовност, ни за партијата. Авторитетот на луѓето кои СДСМ ги поставил за директори низ повеќето институции во градот кај членството е еднаков на НУЛА, а искрено да се каже на директорите за тоа не им е ни гајле бидејќи се сконцентрирани на сопствени интереси од нај различна природа.

Во  2011, 2012 СДСМ од Охрид во Скопје носеше и по 40 автобуси.