недела, ноември 17, 2024
Наш изборНаш ИзборПолитика

AA: Иако плаќаме и по 80.000 евра месечно – Струга е во темница

Струга, единствената општина во РСМ, иако плаќа од 55.000,00 – 80.000,00 евра месечно за јавно осветлување, јавното осветлување воопшто не работи после 22:00 часот, а ГРАДОТ од ден на ден се претвора во црна дупка…!?
Феноменот на нефункционирање на јавното осветлување во градот Струга и во околните села стана секојдневие, претворејќи го прекрасниот град Струга во целосна темница, додека другите општини и градови го немаат овој проблем, добар пример и во близина е градот Охрид, Вевчани…, напиша на својот ФБ профил Лулзим Насуфи, Претседател на AA – Струга.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Истовремено, исплатите од буџетот на општина Струга, од народните пари кои се плаќаат со пеколна брзина, не престануваат да се исплаќаат покрај другото и за ручеци и вечери, на невладините здруженија кои се искористуваат мегудругото да направат и добар ПР на градоначалникот на општина Струга, како и исплатите без ниту денар помалку кон Концесионерското друштво “СИТИЛАЈТ” – ДООЕЛ – Струга, за јавно (не) осветлување на улиците во Струга, со тоа што фактурите понекогаш изнесуваат до 3.340.000,00 денари, некогаш и 5.000. 000.00 денари!
Следете ги снимките со јавно (не) осветлување на улиците во Струга и во околните села…
Уште колку време, Струга во темница…?

извор: ФБ Лулзим Насуфи