Поради дефект на водоводната мрежа на улицата ” Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф160 мм – салонит), настанат во раните утрински часови, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Гоце Делчев “, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата “Македонски Просветители” до крстосницата со улицата ” Бистрица”.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата, информираат од ЈП Водовод Охрид.