АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Повторно прекинат доводот на струја до дигиталниот споменик на Григор Прличев – на кого му пречи?

Кратка информација за сите кои нѐ прашуваа зошто дигиталниот споменик на Григор Прличев не функционира периодов. Неодамна, од сѐ уште неразјаснети причини, повторно беше прекинат доводот на струја до дигиталниот споменик. Како што можете да видите од снимката, системот е во целосно функционална состојба, а прекинот е настанат поради оштетување на кабелот, или пак прекин на напојувањето пред главната табла. На таблата во меѓувреме нема прекин на ниту еден електричен осигурувач, а кабелот во пешачката зона е целосно заштитен според меѓународни стандарди, напиша на својот ФБ профил професорот Анис Сефиданис.

Во објавата професорот додава:

Викендов во Охрид имавме посета на повеќе меѓународни студенти во рамки на “Охридската зимска акдемија”, па со цел да се промовира нашето културно наследство, паметниот споменик беше времено реактивиран со поддршка на “Хотел Александрија” кои ни обезбедија свој кабел и струја. Неизмерна благодарност до сопствениците и сите вработени на “Хотел Александрија” кои заедно со “Општина Охрид” и “Секторот за внатрешни работи” несебично му дадоа поддршка на Виртуелниот Прличев.

Се надеваме дека наскоро конечно ќе се откријат оние кои ја саботираат куктурата во градот, а дотогаш ги замолуваме сите на никаков начин да не ја злоупотребуваат оваа информација за политички или други цели.

извор: ФБ Анис Сефиданис