АктуелноОхрид

Градежен работник од Струга пријавил дека бил физички нападнат додека работел на објект во Маврово

На 10-ти декември 2022 година, во 09:05 часот во Полициско одделение Маврово, 53-годишниот Н.Т. од Струга пријавил дека околу 09:00 часот додека извршувал градежни работи во селото Маврово во објект сопственост на Р.С., по претходна расправија бил физички нападнат од страна на 34-годишниот К.С. од Скопје.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

извор: МВР