АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Голем интерес од младите за Бадниковата поворка во Охрид

Од денес па секоја сабота ќе траат запишувањата на млади деца кои сакаат да учествуваат во Бадниковата поворка во Охрид.

Денешниот прв ден беше одличен и со голем интерес на млади од речиси секоја возраст. Направени беа и неколку проби за пеење на песната а интересно е тоа што повторно се пријавуваат деца кои биле и иминтите години дел од поворката.

Инаку Бадниковата поворка се реализира по пауза од две години поради пандемијата, при што се очекува голем број деца да бидат вклучени во настанот и да се добие една голема масовност со која че се наговести Христовото раѓање, Божиќ.

-Со цел даја продолжиме оваа стара духовна традиција ве покануваме да се приклучите во подготовките се до ,,Бадниковото навестување за раѓањето на Христос”на 6 ти јануари 2023 година кое ке биде одбележано со голема поворка низ Охридските улици,во која ке учествуваат деца пеејки јанекогашната стара коледарска песна ,,Вечниот Бог”.Децата кои ке учествуваат во оваа манифестација ке добијат божични подароци, вели Летка Филипова од оганизациониот дел.

Пријавувањето ќе трае секоја сабота во спортската сала  на ООУ Христо Узунов, во 13 ласот се до Бадник.