недела, ноември 24, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Св. Климент Охридски е нашата водилка во ова време-невреме кога ни се негира минатото, кога треба да си ги зачуваме идентитетот, јазикот и Македонија

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски положи свежо цвеќе пред споменикот на Патронот на градот и МПЦ-ОА, се вели во честитката од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Во истата од партијата додаваат:

Свети Климент Охридски е нашето богато духовно и културно наследство кое ние како Македонци имаме завет да го чуваме и негуваме.
Свети Климент Охридски е нашата водилка во ова време-невреме кога ни се негира минатото, кога треба да си ги зачуваме идентитетот, јазикот и Македонија.
Нека е честит и вековит празникот!
Нека е вечно делото на Свети Климент Охридски!

извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид