АктуелноОхрид

Пецаков до Левица: Во два ресторани немаме ниту тендер,а камоли да имало богати софри! Во Острово било 75 години Педагошки институт и јас не бев, а третата сметка е по успешни проекти и со ЕУ амбасадорот

На политичката сцена секако дека секој потег е дозволен, ама за некои ќе треба да и да има одговорност…
Заради моја коректност политичка во два наврати претходно, сум прескокнал да барам одговорност од циркузанти во политика ама сега е време дефинитивно…, пишува во објавата на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков, која е одговор на обвинувањата од Левица дека општината потрошила 503,500 денари потрошени за богати софри и вино, иако Општина Охрид има долг од 22 милиони евра.

Во објавата градоначалникот додава:

Две работи:
1. Во два ресторани од наведените немаме ниту тендер,а камо ли да имало богати софри!
2. Во ресторан Осторво гордо кажувам дека сметката е од вечера на која не ни присуствував,по повод 75 години Педагошки институт и професори присутни од целиот свет или луѓето кои произведуваат просветен кадар за да не едуцираат нас и нашите поколенија. ( Кај вас како локален огранок далеку од успешно очигледно), а останатата сметка во ресторан Тино е со ручеци после успешни проекти и со ЕУ амбасадорот( каде што општина Охрид доби проект финансиран од ЕУ во висина од 800.000 €) и со уште двајца амбасадори
Ниту се случило да јадам и да пијам на општинска сметка досега ниту се погоре кажано има врска со реалноста.. да бидам појасен Кирил Пецаков имат потрошено 0 денари за тендери јадење и пијање кои не се поврзани со настани гости и прослава на патрон на градот Св. Климент Охридски, како шо имало во минатото примери и 0 денари од службената картица(никаква трансакција)… се е ова лесно проверливо
Е затоа постои институција СУД, каде што ќе треба да објасните и потоа и да понесете конечно одговорност и ќе научите дека секој кажан збор треба да тежи и да стои на место!
ПС. Нарушување на угледот само по себе е лоша работа, ама уште полошо кога е од актери членови на циркус ” Медрано од али експрес”

извор: ФБ Кирил Пецаков