Охрид

(ВИДЕО) Битолчани се расправаа и го попречуваа сообраќајот кај Лескоец непосредно до гробиштата

Две возила со битолски регистарски ознаки застанале на патот Охрид-Битола во непосредна близина на село Лескоец кај гробиштата и започнале расправија. Вербалната расправија на моменти преминувала и во мала физичка пресметка.

Расправијата која траела околу десетина минути предизвикала пореметување во нормалниот тек на сообраќајот а потоа можеби „смирени“ си заминале во спротивни правци, едниот накај Охрид а другиот накај Битола, пренесуваат очевидци на настанот утрово.

 

https://www.youtube.com/shorts/WkNUBImtGaM