недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Овој викенд и наредниот организираме отворени денови на Општина Охрид, каде граѓаните кои имаат идеи, предлози и решенија

Во насока на отворена, транспарентна и граѓанска Локална самоуправа, овој викенд и наредниот организираме отворени денови на Општина Охрид, каде граѓаните кои имаат идеи, предлози и решенија може дојдат и да ни ги презентираат. Исто така граѓаните може да се информираат и за веќе предвидените проекти кои ги имаме за буџетската година 2023.
Денес тука покрај мене присутни се претседателот на Советот на Општина Охрид, Секретарот на Општина Охрид, радоводителите на Секторите и одделенијата од Општина Охрид, директорите на Јавните претпријатија и дел од советниците во Советот на општина Охрид.
Ме радува фактот што голем број граѓани дојдоа и ги презентираа своите предлози. Еден дел од нив своите идеи ги доставија образложени на писмено.
Од преземањето на власта во Општина Охрид воведовме принцип на отворена општина каде секојдневно остваруваме комуникација со граѓаните. Од таквата комуникација произлегоа и произлегуваат дел од проектите и решенијата на проблемите за граѓаните.
Од граѓаните за граѓаните, информир градоначалникот на својот ФБ профил.