АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) „SOUND of Egipt“-Годишен концерт на Здружението на египќани „Пирамида ЗЕМ“

Здружението на египќани „Пирамида Зен“ вечерва во Центарот за култура Охрид го организира годишниот концерт под името „Sound od Egipt“. На настанот присуствува и градоначалникот Кирил Пецаков , меѓу кои и истакнати и еминетни претставници од ова здружение. На настанот покрај музичкиот забавен дел, ќе бидат доделени благодарници за особени придонеси на граѓаните од оваа заедница, кои се истакнале во своите дејности.

Дозволете да го изразам моево  задоволство што Охрид е домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за  негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните.  Тие се  важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на египќаните  наша заедничка цел и предизвик, истакна во своето обраќање на настанот градоначалникот Пецаков .

Веселиот дух и темперамент на Египќаните се преточени во нивната песна и музика кои се примамливи за очи и уши и секако битен дел од мултикултурната лепеза на нашава земја.

Сите сограѓани независно од верска, етничка или расна припадност се рамноправни и еднакви за мене. Битен  е човекот, неговата добронамерност   и вредностите кој тој ги негува,  а  се во насока на општествен развој и напредок. Затоа и понатака ќе работиме на  зајакнување на економската и социјалната вклученост на Египќаните  во секојдневните општествени текови.

Неопходна е продуктивна коегзистенција меѓу верниците и меѓусебно почитување во едно мултирелигиско и мултикултурно општество какво што е нашето.

Вакви   настани  и случувања  особено се битни за нас. Тие се уникатна културно- забавна понуда во пост летниот период од годината и привлекуваат гости кај нас, затоа и во иднина ќе ја добиваат  нашата поддршка, истакна градоначалникот Пецаков пред присутните.

На настанот беа доделени благодарници  :

РАМИЗ ЗЕЈНЕЛ – ковач кој сеуште го работи овој занает …

АЛЕН МАКСУТ – детето кое има голема иднина да ги стигне светските фудбалски ѕвезди. Детето кое дава личен придонес на младите …

ФАДИЛ РАМАДАН – познат иселеник во Америка . Рамадан со години дава личен пример донирајќи помош на здружението ПИРАМИРА ЗЕМ. Оваа благодарница, е наше мало Благодарам за се што досега направил за нас…

АНИТА МЕХМЕД – кореограф на КУД „Пирамида ЗЕМ“, за пренесување на музичката традиција на младите генерации.

НЕЏАД РАМАДАН (музичар) за неговиот посебен придонес во негувањето на изворната народна песна.

ХАМЗА СИНАН – студент на ФЕИТ (за неговиот личен пример во образованието, но и за мотивот кој им го дава на новите генерации и доказ дека ништо не е недостижно)

АРИФ КАЛГУРИ – студент на УКИМ на филозовскиот факултет (институт за социјална работа и политика)

АЛБЕНА МАЛИК – студент на мединсинкиот факултет во Скопје)

АХМЕД РАМАДАН – добива благодарница за личен пример со просек 5.0 во средното образование.

МУХАМЕД АСАН – добива благодарница за личен пример со осноено прво место на меѓународниот натпревар по роботика на „БАЛКАН ЈУНИОР“ во Романија.

Вториот дел однастанот има музичко забавен карактер, каде предвидени се бројни настапи на музичари и културно уметнички друштва од страна на египќаните.

извор: Охрид1