АктуелноОхрид

Охридската цреша, единствен македонски бренд

Земјоделската задруга „Охридска черешна“ е единствен производ кој ја доби географска ознака за сортата охридска цреша. Ова досега е прва и единствена постапка според Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи кај нас.

Со донесувањето на Законот за квалитетот на земјоделските производи брендирањето го прави министерството за земјоделство, јави МРТ.

Во постапка за заштита на географското име се и неколку други производи меѓу кои „преспанско јаболко“, „буковска пипер“, „македонско јагнешко од праменка Овчеполка“, „Мариовски мед“, „мариовско биено сирење“, и „беласички костенов мед“.

Барање за заштита на некој бренд можат да поднесуваат само група на фармери или преработувачи кои се занимаваат со производство на ист земјоделски или прехранбен производ.

извор: МРТ/Методија Трајков