АктуелноОхрид

Спроведена крводарителска акција во просториите на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

На ден 23.11.2022 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид и Црвен крст Охрид.
За оваа крводарителската акција беа собрани 30 (триесет) крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција.
Благодарност за учениците и наставниците од ОЕМУЦ.
Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие.