Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, деновиве изведува вежби во Охрид. На стрелиштето „Бејбубар“ во Охрид имаа боево гаѓање, а се одржа и тактичко – показна вежба кај комплексот „Инекс“. Завршните плански активности ги спроведоја минатата недела кај каналот „Студенчишта“.
– Се работи за редовна вежбовна активност на од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата, соопшти СВР Охрид.
Дека сеуште се во Охрид тимови од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ се потврдува со тоа што често се прелетува над Охрид.
извор: Охрид 1