понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Паоло Тенгатини матурант од Бергамо e дел од тримесечната мобилност преку програма Еразмус+

Паоло Тенгатини е матурант од Бергамо, Италија. Тој е дел од нашата гимназија од самиот почеток
на школската година во септември како дел од тримесечната мобилност преку програма
Еразмус+.


Во голема конкуренција од 200 пријавени ученици, бидејќи Еразмус + програмата е многу
популарна кај нив, влегол во потесен избор од 50 ученици, од кои на крај само тројца ученици,
меѓу кои и тој, биле испратени на мобилности низ Европа. Долгата процедура низ која поминал и
крајната одлука на комисијата ја дочекал пресреќен поради можноста што ја добил за ново
искуство, нешто што ќе биде надвор од очекуваното секојдневие, особено зато што ја добил
можноста да биде гостин во нашето училиште во траење од три месеци додека другите
мобилности траеле само една недела. Во моментот на нивната одлука, за Македонија не знаел
практично ништо, а за Охрид уште помалку. Почнал да истражува на интернет и постепено да се
вљубува во убавините на нашиот град и Македонија уште пред да стапне тука
Како ученик на Средното уметничко училиште „Катерина Каниана“ со смерови за мода и графички
дизајн, логично беше да биде прераспределен во јазично-уметничка паралелка, каде беше
одлично прифатен и лесно се вклопи. Дел од часовите ги следеше на англиски јазик, покрај
италијанскиот кој паралелно се изучува како втор изборен странски јазик во ова подрачје , па
јазичната бариера речиси воопшто и не постоеше. Италијанецот Паоло, шармантен, ведар и
комуникативен, брзо ги освои симпатиите на сите во Гимназијата и се зближи со врсниците како
да се знаат цел живот.
Воодушевеноста од Охрид секој ден од неговиот престој се засилуваше, преку посетите на
Св.Наум, бројните плажи, стариот дел на градот каде престојуваше овие месеци и каде го имаше
комфорот и условите на кои му завидуваа другарите заминати во другите земји (Србија и
Франција). „Нашите две земји се и слични и различни во исто време“, вели Паоло, како што и
секоја фамилија е различна од другите на некој свој начин. Бергамо и градовите во околината во
езерската област на северна Италија се разликуваат од Охрид, но животниот стил во крајезерската
зона е многу сличен.
Посетата на балетска претстава во Скопје пополни уште едно делче од мозаикот наречен
Македонија, а топлиот прием на домаќините, фамилијата Бачиќ каде беше сместен и нивната
подготвеност да го информираат за сето она што го интересираше, придонесоа за да се чувствува
добредојдено и да биде благодарен за можноста да ги доживее овие неповторливи мигови и
звуци, ритми односно да го види лицето на Македонија пред се и сите пријателства коишто ги
стекна во Охрид и кои ќе останат во неговото срце и по преостанатите две недели кога тој си
заминува дома.

 

 

Гимназија Охрид