АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Крлеска Деспотоска се „испишала“ од синдикатот на Маслов пред повеќе од 2 месеци

Кристина Крлеска Деспотоска потпишала исписница од синдикатот во кој членувала ( а кој е предводен од Стевчо Маслов ) уште пред повеќе од два месеци.

„Се испиша некаде крајот на август. Од тогаш не членува во нашиот синдикат и веројатно се зачленила во новиот синдикат кој е формиран од структури на Египќаните, а зад се сметаме дека стои повисока структура од партијата на власт во градов, ама од Скопје. Тие прат нов синдикат на ниво на Македонија и таа ако не е во нашиот синдикат, значи дека е во тој зачленета.“ – брифираат за Охрид 1 од стариот синдикат на „Комуналец“.

Од овој синдикат велат дека тие знаеле дека претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска била на сите состаноци кои ги организирале структури од Египќаните и од ВМРО ДПМНЕ вработени во претрпијатието и дека им било јасно дека со нивниот синдикат е готово.

„Ко видовме дека Славчо од ВМРО ги собира членовите, а на сите состаноци оди и Кристина од СДСМ, ние свативме дека сме готови.  Како ја сматкаа и неа да оди таму не знаеме, но, видовме дека таа е со Славчо во активностите. На крај ко видовме дека сите Египќани се уклучија, а тие се најбројни кај нас во јавново, се знаеше дека е готово со нас. Ни заминаа 208 членови и сега имаме само 98 членови. Повеќе од две третини си заминаа со се Крлеска Деспотоска.“ велат од сидникатот и кажуваат дека на наредната плата чланарината која се задржувала од платите ќе се слее во новиот синдикат.

„По 200 денари месечно е чланарината. И сега на платата што ќе ја зејме наредно таа чланарина од 208 членови кои се испишаа ќе оди секој месец во новиот синдикат, вклучително и од платата на Крлеска Деспотоска, шо значит дека 200 денари чланарина од кај неа ќе се платит таму и нема да се платит ваму кај нас.“.

Претседателот на новиот синдикат Славчо Ристески за Охрид1 вели:

„Не сакаме било какво мешанје на партии во синдикатот! Го оформивме овој синдикат за правата, заштитата и придобивките на вработените во ЈП Охридски Комуналец. Не можам да Ви откријам кој се членови во истиот. Можам да Ви пренесам дека од вкупно 306 вработени имаме 208 пристапници досега кон ССКО на РМ. Тоа значи дека имаме голема репрезентативност (миниумот е 20% од сите вработени) и вработените сакаат промени и вклучуванје директно во работата на синдикатот. Извршниот одбор и надзорниот одбор се вработени избрани членови од сите работни единици на Охридски Комуналец. Можам да ветам само дека нема да се работи ко досега индивидуално, туку одлуките и цекорите ке ги носат сите вработени во институцијата“.- изјави Славчо Ристески

Крлеска Деспотоска не испрати демант до Охрид1 туку постира пост на ФБ во кој стои:

❌❌❌Категорично ги отфрламе наводите исткнати во натписот и текстот објавен на медиумот Охрид 1, а се во поглед на околноста дека локалното рководството на СДСМ, поточно Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, членувала во некој синдикат во ЈП ” Охридски комуналец”.
Точно е дека Претседателката е вработена во ова претпријатие, но истата не членува во никој синдикат што е нејзина сопствена одлука, иако не го ограничува ниту нејзиното ниту правото на било кој вработен да членува во било каков синдикат.
За појаснување, секое едно членување во синдикат не е ограничено со Закон, а со истото се работи за остварување на права на рабтници, а не за некои лукративни побуди .
✊СДСМ цврсто ги поддржува работничките права и се залага за нивно целосно остварување и го почитува и трудот и одлуките на работниците.