Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48 годишно лице од Скопје и 69 годишно лице од Штип. Тие, по објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност.
извор: СВР Охрид