Охрид

Неколку улици утре ќе останат без вода

Поради приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „Дејан Војвода“, на ден 16.11.2022 година (Среда) од 08:00 до 15:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на следните улици:
– Дел од ул. „Дејан Војвода“ (на потегот од ЕВН до крстосницата со ул.„Абас Емин“)
-Дел од ул. „Македонски Просветители“ ( на потегот од ЕВН до пожарна)
-Дел од ул. „Абас Емин“.