АктуелноОхрид

Втора награда на 55. Детски Рацинови средби во Велес за ученикот Кристијан Нестороски од ДСУ „Ванчо Питошески“

Втора награда на 55. Детски Рацинови Средби, во Велес, освои ученикот Кристијан Нестороски, прва година во ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“, под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски, професор по Македонски јазик и литература.


Наградата е во категорија ученици од сите средни училишта од Македонија, престижна награда од изворот на љубовта, од врутокот на болката, од силата на избликот наречен Рацинов стих.
Исто така заедно со рецитаторот Петар Ѓорѓиев, ученик во втора година, со песната ,,Копачите”, учесници на рецитаторскиот натпревар.


Љубов – болка,
бол – безизлез,
чемер – восклик,
капка крв од своето тело и душа,
прва изгора и каракамен на гради,
грутка на срце и пламена болка,
светла иднина на новиот човек – титан.
Рацине,
ние кои те наследуваме,
со поклон од срце почит ти даваме!
Честитки за организаторите кои гостопримливо ги отворија своите шимшир порти во градот на Рацин, и за учениците и за менторите кои го негуваат македонскиот јазик и неуморно ги нижат наградите како вистински вљубеници и почитувачи на безвремениот Рацин, вели менторот Божиновски.