45-годишна жена од Струга доби кривична пријава откако, според полицијата, на улица во градот ја нападнала и ја повредила сопствената ќерка, соопшти МВР.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против (45) годишна жена од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” при семејно насилство.
Пријавената, на 04.10.2022 на улицата „Пролетерски бригади” во Струга физички ја нападнала нејзината ќерка и ѝ нанела телесна повреда“, велат од полицијата.