АктуелноОхрид

Пецаков, Мерко и Ногачески на работен ручек со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир

Заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, имавме работен ручек со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и координатор на Обединетите нации, Росана Дудџијак, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Тема на разговор беше напорите и перспективите за зајакнување на активностите за зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион како и соработката на општините со Обединетите нации и со Европската унија.
Од самиот разговор произлегоа неколку идеи во која насока треба да се движиме. Општина Охрид има направено голем исчекор во оваа насока со видливи резултати.

извор: ФБ Кирил Пецаков