четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

„Глас за спас на Охрид“ праша до каде се инвестициите за колекторот ветени 2019 година?

Реакција од граѓанската иницијатива „Глас за спас на Охрид“. Истата ја пренесуваме во целост:

Потсетување од 9-ти ноември 2019 година ‼️
“Започнува комплетна санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.
Ќе се изврши санација на цевководот, ќе поправат или заменат сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга.
Охридското Езеро како заштитено подрачје на УНЕСКО е наша гордост, мора да покажеме дека знаеме да се грижиме за нашите природни богатства”.


📌 Фотографиите и информациите се превземени од Влада на Република С. Македонија.

Извор: ФБ Глас за спас на Охрид