петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Мицкоски: Владата веднаш да почне со примена на новиот Закон за здруженија и да го затвори „Цар Борис“, место да го праќа во Венецијанска комисија

ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање каде беше запрашан за коментар по вчерашната најава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека новиот Закон за здруженија и партии, кој што од пратеници и од власта и од опозицијата беше донесен во македонското Собрание, ќе го прати на оценување во Венецијанската комисија.

Мицкоски истакна дека ако власта не знае како да почне да го применува, еве тој ќе им помогне, додавајќи дека треба да почне со клубот во Охрид, кој носи име на докажан нацистички соработник, треба веднаш да го затвори и да ја укине неговата регистрација.

„Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Однос, на бидам по прецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна“, рече Мицкоски.

Во однос на министерот за надворешни работи, вели дека тој е истиот оној Бујар Османи кој што последниот период, континуирано работи против интересите на македонскиот народ и кој дипломатијата ја сфаќа да се удоволат интересите на сите, а да се загрозат на Македонците.

„Тоа е истиот оној Бујар Османи кој што во изминатиот период, континуирано работи спротивно на интересите на македонскиот народ и на државата и го заплетка процесот. Го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој, дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат интересите на македонскиот народ. И тоа погрешно поимање на политиката, тоа е погрешно поимање на дипломатијата“, истакна Мицкоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ