Викендов што помина Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „ Дубровник Опен 2022“ во Дубровник, Хрватска, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Бугарија и Македонија.
Нашиот клуб учествуваше со 1 натпреварувач кои учествуваше во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.
Ова е трето учество на нашиот клуб а воедно и трети медали за клубот, со што продолжува да се пишува почетокот на историјата на клубот.
Најавувам дека јас и останатите натпреварувачи од клубот се бориме за поголеми успеси со кои ќе се гордее нашата општина Охрид и Македонија, ни изјавуват натпреварувачот од Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“од Косел-Охрид
Истотака Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид , врши и упис на нови членови.
Освоени медали се:
-Лука Тодороски
2 место (сребро) форми зелен појас, јуниори 14-15 години
2 место (сребро) борби -55 кг. јуниори 14-15 години