На 08.11.2022 во СВР Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога, лишија од слобода 41 годишен Охриѓанец. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид