Почитувани граѓани на Охрид, драги сонародници Египќани.
Денес со посебно задоволство бев дел од одбележувањето на денот на ослободувањето на Охрид. Како советник од етничката заедница Египќани присуствував во ЈП Охридски Комуналец каде врачив благодарници на дел од вработените во ова претпријатие кои се припадници на најбројната заедница во редот на вработените – Египќаните.
Исто така присуствував и на свечената седница, на која се даде почит на ослободителите на Охрид, на партизаните, во чии редови имаше голем број Египќани кои во тој период живееле во Дебрца и беа дел од четите кои се бореа за слобода на Македонија и победа на сојузниците.
Да живее слободен Охрид, да живеат неговите слободни граѓани, да живеат слободните Египќани !
-напиша Демироски во својата објава на ФБ.