Во рамките на настанот „Саемот на промените што носат иднина!“ денеска имав можност да ги претставам и презентирам промените кои ги донесовме во Охрид.
Реализацијата на бројните проекти се показател дека умееме, можеме и имаме идеја за содавање на нова иднина.
Во изминатите 365 дена започнавме и изградивме нови улици и патишта, ги реконструиравме старите, изгградивме нова и ја реконструиравме водоводната, фекалната и атмосферската мрежа.
Како никогаш досега ставен е акцентот на спортот и здравиот развој на децата, посветивме големо внимание на културата, се грижиме за младите и им обезбедивме центар за нивно истакнување, поддржуваме и субвенционираме. Градиме нови повеќенаменски игралишта. Штедиме и отплаќаме стари долгови. Воведовме ред во основното и средното образование.
Покрај реализацијата на проектите, ја отворивме Локалната самоуправа да биде достапна за граѓаните. Постојано сме во комуникација со нашите сограѓани преку средбите кои ги организираме. Сето тоа охриѓани го чувствуваат и гледаат.
Охрид се менува!
Посветено продолжуваме да градиме нова иднина за Охрид!
-пишува во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.