понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Затекнат при нелегален транспорт на огревно дрво, во бегство го нападнал претставникот на шумската полициј

На 03.11.2022 година во ОВР Кичево лишен од слобода е Б.В.(24) од Кичево.
Тој, претходно, во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба, при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со возило – џип.
Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција а потоа нападнал претставник на Шумската полиција.
Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.