АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Вредна донација од јапонската Амбасада за општина Охрид

Амбасадорот на Јапонија во Република Македонија Н.Е. Хиронори Савада и градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Охрид потпишаа договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ со цел да се набави комунално возило кое ќе обезбеди побезбедна животна средина. Вредноста на комуналното возило е 60,640 евра и ќе го користи ЈП „Нискоградба“.

Церемонијата на потпишување на проектот ја отвори градоначалникот Кирил Пецаков кој во своето обраќање истакна:

-Дозволете да го изразам моето задоволство што по неколку месечни интензивни комуникации и вложен труд од двете страни денес стануваме потписници на договорот со кој Амбасадата на Јапонија во Р. Македонија и доделува Комунално возило на Општина Охрид кое ќе е наменето за одржување на чистотата на најголемиот туристички центар во државата, а ќе го користи ЈП „Нискоградба“. Вредноста на возилото е 60,640.оо EUR. Станува збор за крупна и исклучиелно значајна субвенција, ако се земе во предвид дека ЈП „Нискоградба“ располага со застарени комунални возила.

Новото комунално возило ќе овозможи навремена санација на дефектите во канализационата мрежа. Дополнително, испуштањето на загадена вода во Охридското Езеро ќе биде намалено за 40%, со што ќе се заштити неговата природна флора и фауна. Општина Охрид има 7 пумпни станици, и 175.84 км канализациона мрежа. Бројот на дефекти на истата во последните години бележи зголемување, најчесто поради тврд отпад кој се собира во канализационата мрежа.

Секако на денешниот чин на потпишување на договорот за донацијата, претходеше подготовка и имплементација на „Проектот за обезбедување на Општина Охрид со комунално возило“.

Во оваа прилика уште еднаш јавно му се заблагодарувам на амбасадорот Савада и на вработените во амбасадата на Јапонија во нашава земја што покажаа интерес и максимално се заложија да ја добиеме оваа донација којашто е прва за Локалната Самоуправа односно ЈП „Нискоградба“ иако претходно Јапонската Влада и јапонскиот народ има донирано значајна опрема за воспитно образовни и здравствени институции во градов- рече градоначалникот Пецаков.

Амбасадорот Савада во своето обраќање укажа на предностите од донацијата.

-Со новото комунално возило, дефектите во канализационата мрежа ќе се санираат ефикасно и навремено. Со тоа и загадувањето на Охридското Езеро ќе биде намалено за 40 %, подвлече амбасадорот Савада.

Директорот на ЈП „Нискоградба“ Александар Трпеноски се заблагодари за вредната донација со која ќе се обезбеди квалитетно санирање на дефектите на канализационата мрежа во Охрид.

 

 

општина Охрид