АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Кај лице од село Зајас пронајдени и одземени прашкаска бела материја и куршуми

На 29.10.2022 околу 19 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Кичево, извршија претрес во домот на лице на (34) години  од кичевското село Зајас.
Притоа, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од бела прашкаста материја, 4 куршуми различен калибар, 6 најлонски паковки со марихуана, од кои 5 се пронајдени во паркирани патнички автомобили „мерцедес“ и „опел астра“, како и други предмети. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид