АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Сопштение по повод празничниот спомен на Света Параскева во Дебар

Црковниот одбор при храмот света Петка во Дебар, има чест со сите нас да ја сподели радоста за доаѓањето на чесните мошти на светата Параскева во градот Дебар, токму на денот на нејзиниот празничен спомен, 27 октомври 2022 лето Господово.

❈ Моштите ќе бидат поставени за поклонение во дебарскиот храм посветен на светата Параскева уште на самата Утрена богослужба, која ќе започне во 07:30 ч.
Овие мошти верно се чуваат од страна Пречистанското сестринство, кое со благослов на нашиот надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, благоизволија да го збогатат празничниот спомен со оваа голема светиња, за поткрепа на верните Дебрани.

❈ Божествената Литургија со која ќе чиноначалствува игуменот на Бигорската свештена Обител, епископот г. Партениј, во сослужение со Бигорските јеромонаси и благочестивиот архиерејски намесник, отец Миле, ќе започне во 08:45 ч.

❈ Ги покануваме сите верни Дебрани и останати празникољупци, да земат учество во ова големо торжество и да се поклонат на моштите на светата Параскева, стекнувајќи го нејзиниот штедар благослов.

 

Бигорски Манастир