АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Долно Татеши – на Туристичка бил затекнат како врши јавен превоз без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52 Годишно лице од струшкото село Долно Татеши поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 10.09.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, констатирале дека тој, врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.

извор: СВР Охрид